Friday, November 25, 2011

Субјективен поглед кон поубавата страна на реалноста

(By Roger Mortis, 106/023)
Не можам да најдам зборови доволно уверливи со кои би успеал да доловам во која мерка сум против денешната политика на успивање на улични песови или нивно затварање во ефтините еуфемизми за конц-логори - стационарите.
Истото важи и за давањето на тие битија во рацете на разни размазени лица да ги посвојат и со тоа да ја убијат нивната суштина и да ја сосечат во корен естетиката која се раѓа во секој еден потечен стомак на тазе спарената кучка !

Чувството кога покрај мене се мота глутница од дузина шугави, иззабени и скапани песови ме прави среќен.
Можеби ова чувство го делам и со понекој друг, а можеби и не. Не сум прашувал за тоа, and i don`t give a damn. Останува фактот дека ме прават среќен.
Како што волшебникот Мерлин бил среќен во присуство на еднорозите.

Во ред, јас не сум баш и некој Мерлин.
Зомбифицираните кучиња во сите облици, форми и мириси кои ги поседуваат се далеку од Еднорози.
А и нашите ебени градови не се огледала на Авалон, a place in this world, but not of it. Освен можеби Ресен, кој повремено мириса на јаболка.

Но тоа не значи дека нема убавина во сета таа ситуација. Секако зборот перцепција ќе се појави и во овој текст поради субјективното доживување на убавината. Која не секогаш мора да е мазна,фина и организирана. За разлика од кај нас, на еден остров од каде потекнуваат купишта перцепции извезени преку каналот (не, не е Јапонија, for fucks sake) народните поговорки имаат смисол. Како онаа - The beauty is in the eye of the beholder.


Зошто, о проклети поданици на телевизиската лоботомија, се обидувате со помош на ќорци во вид на лицемерие и осакатена есенција на моралот да ја убиете дистопичната идила на нашите градови!? Ако заштитник на животни ви каже дека почитува различност, направете му услуга и не земајте го за сериозно. Бидејќи сака овдешен град да е различен како...Цирих!?
Може ли овдешен град да биде како Цирих?
И тоа со помош на градење на покрив пред темели, како и секогаш...

Ниту Скопје би било Скопје, ни Битола - Битола, ни Велес - Велес без своите прекрасни четвороножни симболи на дистопијата и предвесниците на непостоечката иднина која има сјај на чир на кожата на полураспаднат пес.
И не зборувам само за песови, не ги заборавам ни останатите ѕверчиња, мачките кои влечкаат ребро најдено во контејнер кое било глодано од човек и за ручек и за вечера а богами и за појадок, стаорците, вечните Kондотјери на транзиционите процеси, од овде до Киншаса, чавките како утрински тролови, врапци кои се мотаат по паркови, бубашваби како знак дека крајот чука на врата...
Сите тие се само патници од иднината во ова наше време, потсетници на грешките во темелите на системот. Можеби затоа и толкава омраза кон нив. Кој би знаел.

Ги мразат скоро сите и оние кои би ги пукале по улици и оние кои чуваат мачори на седми спрат и толку ги љубат што им ги кинат јајцата за да ги претворат во повижни играчки. Ах...љубов...во време на сеопшт распад и гнилеж, обожувани и сакани можете да останете и без тестиси.

Second best option?
Меѓу-дистописка соработка и взаемна помош !
Чартер летови со Севернокорејски студенти и студентки кои би дошле кај нас со цел запознавање на чудната локална култура и несериозните животни навики. Може и да погледаат видео од Славе Жижек, пошто таму власта е непријателски расположена кон Мрежата.
А бидејќи размената е размена - можеби најкорисно би било во спротивен правец да се упатат мамини и татини синови и ќерки, да ги прошират видиците и се запознаат со една бизарна култура, различна во сите пори на егзистенцијата и да се обидат да влијаат прогресивно на своите колеги од другата страна на реалноста.

Why the hell not?

No comments:

Post a Comment