Tuesday, March 29, 2011

Трката на Животот

(By The Marked One, 027/009)
(Пролог)
Хак!
Ме слушаш ли?!
Хак,копиле генералот нареди повлекување!
Хак!

Трчаше брзо по тесната шумска патека.Рафали ечеа на сите страни.Немаше време да се обѕрне наоколу,знаеше дека нема многу време.
Истрча зад една бука и се стутули во нејзината шуплина.
Накратко го обли топлина но знаеше дека мора да продолжи.
Веројатно мислеа дека е мртов,а и викањето неодамна прекина.
Се насмевна...што ли мислат сега назад во ровот.
Полека го наполни пиштолот и се измолкна од пукнатината.
Легна на земјата и тивко дишеше.
Тревата беше свежа,но мирисаше на барут.
Не беше обично лето,всушност беше навистина одвратно.
Но не му пречеше,немаше време да размислува на тоа.
Пукотниците прекинаа и се надеваше дека застојот ќе трае доволно долго за да стигне до ровот.
Полека се шмугна во тревите и почна полека да ползи.
Целата полјана беше обвиена во густ чад,беше невозможно да го видат,но,ништо не можеше да види и тој.
Се обиде да излезе од чадот и тргна накај еден мал карпест предел кој изгледаше како намерно исклесан во планината.
Успеа да излезе на чистина и како што очекуваше,покрај неговото уво профрче куршум.
Веднаш сфати дека идејата не му беше најпаметна.

-Хак,теле едно со кој памет се прчиш пред швабиве?




Радиото беше мртво,а и онака мислеа дека самиот тој е мртов.
Одеднаш од никаде како порачани од Бога на другата страна од голата карпа ги виде Еди и Каубојот.
Очигледно се враќаа од извидничка мисија,и двајцата беа ситни па можеше да се каже дека само за тоа и ги бидува.
Чуден човек беше каубојот,недруштвен,беше чудо што прифаќа да оди со Еди.
Мистериозно копиле.
Едвард беше спротивен,секогаш кажуваше некој црн хумор на кој се смееше самиот но го сфаќаа.
Тој беше од еврејска фамилија,гледал додека СС ги воделе неговите од дома додека се криел во рушевините што некогаш беа куќата на соседите.
Чудниот хумор беше само еден негов вид лек за душа.
И токму овие двајца чудаци беа оние кои го пресретнаа Хак.
Полека им се доближи и им го објасни планот.
Каубојот кимна со главата а Еди само проморе
Не е фер да го видиш татко ми пред мене ама ајде.
Исползеа до едно мало брдо и се притаија зад него.
Одеднаш Хак стана и почна да трча,директно накај ровот на непријателот.
Немаше пукотници...само смеа одекнуваше од германскиот ров.

Знаеше зошто се смеат.
Трчаше по минско поле.
Но мораше да премине,мораше.
И успеа,не му се веруваше дека го мина.
Германците сфатија дека тој се проби но веќе беше доцна,гранатите беа фрлени во главните генератори и нивната одбрана сега беше бескорисна.
Ги фрли двете последни димни бомби и почна да трча,не му се веруваше дека успеа.
Насекаде околу него фрчеа куршуми но знаеше дека нема шанси да го погодат.
Одеднаш земјата се отвори и тој беше фрлен високо во воздух.
Заборави...
Заборав...
А потоа...
Темнина.

No comments:

Post a Comment