Saturday, March 12, 2011

Дали патриотизмот е ментална болест?

(By Roger Mortis, 014/006)
Широката дефиниција го тврди следното – секое пореметување на мозочните функции кое влијае на мисловниот процес, емоциите или способноста за взаемно корисна интеракција со околината и опкружувањето е патри...упс...ментална болест.

Самиот патриотизам и неговиот дебилен брат, национализмот се базираат на “љубов„ кон некаков замислен ентитет наречен “држава“ или “народ“ во најчеста смисла на употребата на овие поими. Исто така имплицира на некаква позитивна разлика спрема сите останати ентитети кои се именуваат како народи и држави.

Емоциите насочени кон замислени ентитети не е новост, религијата е најдобар показател до каде може да ескалира сето тоа.

Но патриотизмот како релативно нова појава е кулминација. Ако во религијата барем „љубовта“ се давала на некаков семоќен ентитет наречен Бог, од кого се очекувала награда со живот вечен, во случајот на патриотизмот имаме емоционално едностран однос кон некакви црти на географска карта и некакво име кое ја означува таа територија. Секако зад тој концепт се кријат сосема конкретни механизми за грабеж на населението на одредена територија и експлоатација. Генијалноста лежи во перењето мозок кое бара од оштетените да го сакаат својот злотвор, бидејќи им продава приказна за посебност,припадност кон поголема целина,ги апсолвира длабоките стравови кои секој просечно лоботомиран припадник на некоја нација гледа да ги избегне во текот на животот земски.

Со други зборови патриотизмот вирее на плодната почва на кукавичлукот на поединецот и неговата умствена инертност .Исто како и многу други ментални пореметувања.

Оваа ментална болест ексалира на светско ниво со преименувањето на државите во нации во 18.век. Најмногу благодарејќи на нус-продуктот на француската револуција, Наполеон.


Ниеден патриот или националист не може да објасни што е тоа добро во наведените ентитети.Што е тоа кое наведува на емоционален ангажман од него кон замислената социјална конструкција.

Дали на пример, мастурбацијата на македонско издание на Плејбој е израз на патриотизам? Или сепак е само мастурбација? Ако е првото тогаш патриотизмот и мастурбацијата се еквивалент.

Со своето делување патриотизмот спречува развивање на личност со вечно инсистирање на непоставување прашања (имаше една Кенедиева небулоза) и условување на поединецот.

На територијата позната како РМ и годината 2011. оваа болест е се повеќе присутна и се заканува да го убие секое независно мислење и да спречи било каков tipping point во правец на индивидуални и колективни вредности спротивни спрема патриотизмот. А уште полошо во многу случаи човекот е условуван меѓу биолошки опстанок и свој став. Погодете кој има приоритет...

Но патриотизмот е болест од пандемиски размери.

Празниот личен живот и немањето јасно дефинирана претстава за сопствена вредност се заменува со готови модели на верување кои се деривативи, со што ширум е отворен патот за масовна епидемија на патриотизам, спрема која пандемијата на чума во 14.век позната како Црната Смрт е само пријатно пролетно ветре кое ја гали косата во некое убаво сончево мајско попладне...Само во 20.век патриотизмот и национализмот по најконзервативни процени се одговорни за смрт на 450 милиони луѓе во неколку илјади војни водени на сите континенти.

Освен Антарктик.
За среќа, на Антарктик нема скоро ништо.
Не виреат бактерии и вируси многу, а не виреее ни патриотизмот...

Убијте го патриотот во себе.
После тоа продолжете во комшилукот...

No comments:

Post a Comment