Thursday, March 17, 2011

The Tao that can be spoken of...

(By Igor, 017/006)
Ѕвезди и универзум.
Има промени во универзумот и тоа како, тука барем нема конфликт
Втората работа е еволуцијата.
Ќе ја баталиме теоријата на еволуцијата за момент.

Еве јас ќе ја дефинирам еволуцијата лаички, па ќе видиме што ќе се задеси понатака.
Еволуција е процес на промени низ време.
Ќе земеме дека промените се во ДНА, и одреден процент на разлика во ДНА (минимум на разлики) би ги разликувал видовите едни од други, може и да има (науката дефинирано), јас не сум чул,.
Како и да е некаде би требало да биде 0.5 % нагаѓајки на тепка...
Може е повеќе, да видам лотарија како ми оди.
Надворешниот изглед не ни е битен.
На пример куче од волк е помалку 3 % итн.
Разликување на еден вид од друг е работа на дефиниција.
Тоа е барем лесно.
Е сега.
Промени има, тоа е неоспорно.
Значи промени на видовите.
Како се случило тоа незнам баш со сигурност.
Има индикации дека главно промените биле циклични.
Ако се врзе тоа со фантом ДНА и супервејв теоријата интересни заклучоци може да се донесат.
Но да го баталиме тоа сега за сега.
Еве да претпоставиме дека промените се во рамките на видот и со време би станале доволно големи за да дефинираме како нови видови па макар и подвидови.
Проблемот е во причинителите на промените иако тоа се занемарува во дебатите.
Прва догма на теоријата на еволуцијата е времето. За да има еволуција мора времето да е линеарно.
Инаку не би станало збор за еволуција.
Еволуција = t (време)
Ако промените доагаат од место каде што не постои времето,дали би станало збор за еволуција?
Јас ќе речам дека овој процес на промени е еволуција, ама еволуција на свеста, која имајќи потреба да еволуира (можеби доживување е правиот збор) го менува живиот свет на планетава.
Станува збор за спрега помеѓу овие два света, во кои све учествува во кокреацијата.
И се е дел од кокреацијата, и засебен и целoто. Холограмска парадигма, не треба многу објаснување.




Треба само да живееш со срцето и се е јасно како ден.
И тоа од место кај што не постои време.
Тој свет е примарен, овој е секундарен.
Што не значи дека не е битен и треба да се отфрли како таков.
Покрај тоа ако се има потреба од адаптација тоа ќе се деси автоматски (несвесно на колективно ниво) или свесно, како што е случајот со нас (луѓето) кои свесно може да "еволуираме".
И не само да еволуираме туку и свесно да го менуваме материјалниот свет.
Очигледно проекторот-ДНА е способен за ова.
Но што со праната? (Јас го нарекувам светиот дух).
Има уште многу што незнам.

Дарвин-самоубиство-низмот вика нема цел во промени на свеста.
Таа случајно настанала, основна цел на еволуцијата е опстанокот.
НЕ...покрај тоа што е неоснована оди и против здравиот разум.
Квантната нелокалност и дуалната природа на (како што видовме со buckyball experiment-от) објекти со големина приближно на ДНА молекулот, се доволни за да се постави теорија.
Квантната нелокалност на свеста е доказ повеќе за ова. Дали ќе биде тоа - тоа,  ќе видиме.
Целата работа е што животот е интеракција на искуството во материјалниов свет со бесконечноста. Спрега во која неможе едното да постои без другото.
Или барем ова неможе без тоа, за обратното не сум сигурен.

Ова е нешто отприлика околу еволуцијата, и како што би рекол Лао :
The Tao that can be spoken is not the eternal Tao.
Има и една друга многу реална можност која би постоела доколку може да се патува назад во времето...

No comments:

Post a Comment