Tuesday, March 22, 2011

Dance eternal

(By The Marked One, 020/007)
Велат секој крај на една приказна е почеток на нова.
Но зошто се фокусирам на нејзиниот почеток и крај?
Секоја приказна, сама по себе можеме да ја поделиме на бесконечен број делчиња, како поглавја на еден балет.
Танц.

Велат три нешта се вечни во овој универзум.
Смртта.
Лагата.
И љубовта.
Овие три нишки вечно ќе се преплетуваат низ нашите животи.
Барем така чув.
Но да се вратиме на нашата приказна.

Смртта, онаа темнина која не демне сите нас, но можеме ли без неа?
Ќе ја вреднуваме ли приказната ако таа го нема својот совршен крај?
А смртта е совршенство. Таа е неизбежна, објективна и во точниот час добредојдена.
Смртта е учител, наш личен Вергилиј додека шибани од студен сибирски ветер чекориме низ темнината на животот.
Стравот од неа е неоснован, но можам да разберам.
Во училиште, често ученикот се плаши од својот учител и добива впечаток дека тој сака да му наштети.
Смртта е наш животен сопатник,или како што велат
Death is the first dance, eternal.




Мојата приказна продолжува со најтенката нишка.
Лагата.
Толку многу има да се каже за лагата, толку многу зборови за измамата, за предавството.
Сите ние сме ја сетиле, сите ние сме биле повредени од неа, но дали учиме и од неа?
Јас знам, бев повреден, емоционално унаказен, предаден од најблиските.
Ја знам добро болката која ја предизвикува овој конец, и затоа можеби сеуште се плашам.
Да, навистина, јас се плашам повеќе од лагата отколку смртта.
Смртта е безболна, брза.
Лагата останува, остава белег.
Но, како и мускулното ткиво кое зараснува, зараснуваат и раните од предавството.
Нашето тело учи од лагата. Предавството е уште еден Вергилиј.
Deceit is the second dance, eternal.

И стигнавме до најголемата опасност за човека.
Не постои нешто што може да ја спречи, не постои ниту противотров ниту лек.
А сепак што се вели си ја бараме бељата.
Трчаме во нејзините прегратки со срца полни доверба и игнорантност.
Љубовта е најопасното оружје, таа разурнува градови, уништува животи.
Но во контраст, таа лекува, подмладува, поттикнува да се продолжи да се чекори низ животот.
Не се противам, всушност како и смртта ја пречекувам како пријател.

Love is the dance of eternity.

Кус Dream Theater reference, приказна која секогаш ќе успева да допре до мене.

No comments:

Post a Comment