Saturday, March 12, 2011

Писмо до непознатото паразитче

(By Големиот Брат, 015/006)
Драг Другар Коце,
Јас како жител на Скопје сакам да те замолам да прекинеш да не споредуваш со светските метрополи. Да бидеме искрени не можеме повеќе да конкурираме ни на балканските. Мене ми е јасно дека немате пари за бугарски курви кои немаат сифилис, пардон за паркинг места и тротоари, но ве молам не земајте ги од малите луѓе кои немаат пари и онака, тие таксисти издржуваат фамилија а ние добиваме ефтин а ефикасен превоз бидејќи после полноќ бидејќи градот Скопје сака да штеди на нас црнците, робовите, што и да е сме…се извинувам работниците и не сака ни под разно да праќа автобуси после полноќ на секој еден саат до 5 часот а и тоа што го добиваме тешко дека може да се категоризира под ефикасен превоз . 



Има луѓе кои работат до 1 часот по кафичи во кои вашите луѓе ги поебуваат парите кои ние ви ги даваме, тие келнери не би работеле таму ако до Радишани или Старо Лисиче доколку би оделе со автобус во пет часот насабајле. А вас би ве послужувале келнери од Капиштец кои не се баш толку послушни и добри бидејќи според пазарната логика нивната цена би пораснала наеднаш.
Курвите бугарски без сифилис, пардон тротоарите и улиците, можеме да живееме и без нив и онака не постојат, полни се со џипови кои припаѓаат на луѓе од вашата администрација, или пак се гради нешто на нив. Затоа ве молам оставете не на мира и ако сакате толку да се среди градот прекинете да издавате лиценци за секој еден напукан со пари да гради во центар трговски центри или што и да е. Исто така луѓето во Лондон заработуваат 10 пати повеќе од нас и имаат ноќен превоз. Колку само да не се залетате пак .
Благодарам за вашето внимание
- Големиот Брат член на Блогспот.ком и жител на Скопје.

No comments:

Post a Comment