Tuesday, March 29, 2011

За шумскиот дух

(By The Marked One, 025/008)
Еден.
Може да има само еден?
Или мора да има само еден?
Отсекогаш имало еден, стоеше на малото ритче, ишибан од ветрот.
Сакаше да шета.
Да талка низ дрвјата, да го вдишува секој здив со сомнеж, прашувајки се уште колку до последниот.
Тој никогаш навистина не поседуваше нешто, се што имаше во своите раце беше неговата проклета омраза за оние кои тогаш му зедоа се.

Си ја сакаше назад слободата, тие ја зедоа без прашање и никогаш не ја вратија.
Нивните догми ги скршија неговите коски и го оставија сам.
Лежеше под ѕвезденото небо и со празен израз на лицето се прашуваше дали крајот е близу.
Но сонот пројде и тој веќе не беше слаб.
Сега знаеше дека синергијата никогаш не била таму, па затоа не ја ни бараше.
Не можеше да се носи со денешницата, сакаше напред, сакаше назад.
Се беше подобро од тоа проклето денес.



Но денес не сакаше да си замине, денес беше упорно и тој се предаде.
Конечно тој беше долу на земјата, а тие со злоба на лицето потсмешливо му ја врачуваа
нивната таканаречена помош во вид на доктрина.
Но тој ќе лежи таму, сам, во калта и упорно ќе гледа во мастилавото ѕвездено небо.
Тој сега знае, тој дозна.
Сеуште е рано за потег, тој мора да чека за следниот напад.
Често се симнуваше од планините и шеташе низ градот.
Светилките го бојадисуваа неговото сиво лице, но тоа беше маска.
Сета боја беше одамна замината од неговото постоење.
Тој беше црно бел, без позадина, глув за се околу него.
Знаеше дека никогаш нема да го врати она што го загуби, се надеваше дека сладоста на одмаздата ќе ја пополни празнината во неговите гради.

Проклети да беа...и тие и градот.
Ги гледаше луѓето кои го одминуваа, истите оние кои вчера плукаа на неговото битие, но тие него го игнорираа.
Тој не беше таму, не целосно.
Беше мртов.
Но тој е вечно буден и вечно ги следи.
Веќе не е онаа кршлива икона која се криеше во сенките на боровите шуми.
Тој се врати.

No comments:

Post a Comment