Sunday, March 27, 2011

Светиот грал на тираните

(By Roger Mortis, 024/008)
Можеби на прв поглед би се помислило дека диктаторите се крајно перверзна сорта која освен хареми, педофилија, швајцарски банки, високи воени чинови, бизарни униформи и рандом чмарољубие се пали и на било која од 459-те регистрирани парафилии во доменот на сексуалната психологија.
Ако таа помисла ја повзувате со ултимативниот фетиш, светиот грал на диктаторската ерекција...не ги познавате како врста.

Воопшто.

Од Мобуту Сесе Секо, преку Фердинанд Маркос па се до Фидел Кастро.
Од  Леонид Брежњев, Жан-Бедел Бокаса, Никулае Чаушеску до Алфредо Штроснер.
Трухиљо или Мубарак.

Сите имаат ист влажен сон. А тој е - поданици кои не само што немаат кичма, туку и се постојано вљубени во оној кој го раширува нивниот чмар. Стерилни кукавици без праг на толеранција, каде било каков вид на изживување се прима без оптор. Пасивност до таа мера што е опеана во вековната традиција меѓу таквиот вид поданици како некој вид на доблест, вештина или мудрост. Светиот грал на диктаторството лежи онаму каде власта е навистина третирана од рајата како дар небесен .
Тоа се поданици какви што тешко се наоѓаат. Како совршена жена на пример.

Но има едно место, зад седум контејнери и девет чучавци, митска територија  зад три шалтери и 99 бирократи, често муабетено и со завист погледнувано од диктаторските очи, причината заради која тоа парче земја и покрај тоа што нема нафта, ресурси ниту море или нешто за кое би вредело да се војува на прв поглед... сепак било предмет на борби и битки на разно разни диктатори, кралеви, цареви и кнежеви  низ стотици години. Мотив? Во тоа место живеат митските поданици кои никогаш ама баш никогаш и под никакви услови нема да се побунат против власта. А ако некој случајно, на општо згрозување и спроти вековната традиција и се побуни ќе биде брзо и ефикасно елиминиран уште пред  најтивката  гласина за бунтувањето да стигне до ушите диктаторови.



Дали знаете за кое место станува збор?
Не ќе да е Мавританија.
Можеби Хаити?
The Confederate States of America?
Северна Родезија?

Ве лажеа дека таа територија ја поробувале заради некакви библиско-антички конотации?
Стратегиски местоположби и центри на светот?
Рудникот Алшар или Езерата?
For the batshit insane & the renown lunatic asylums?
Дека ја поробувале заради материјалните богатства и ресурси?

Не.
Заради поданиците. Ете сега знаете зошто населението на таа територија било цел на разни освојувачи. Рајата а не земјата. Бидејќи такви поданици не се наоѓаат ни на едно друго место, не барем во овој дел на сончевиот систем.

Исклучоци?
Имало...малку биле и не наишле на поддршка меѓу оние за чиј интерес и слобода се бореле.
Нивната историска фреквентност е чисто колку за иритација на статистичарите и историчарите. Неколку ситни каменчиња во вреќа со ориз. И не само тоа туку добивале редовни бонуси во вид на предавства, заради тоа што опортунизмот бил религија а кратковидната анимална себичност – догма.
Затоа историјата мора да се менува како што тоа го правеа во Министерството на Вистината каде дупката на заборавот работеше во полна пареа, како и печатарските преси.Секоја власт си носи нова историја и ја пишува одново. За да се прикрие колективниот fаil и да се даде нов фикс на зависниците од ефтини илузии.

Ако сеуште не ви текнува за кое место станува збор...вие сте тој. Совршениот поданик за кого датумот е некој ден и некој месец...но годината засекогаш останува иста.

1984.

Welcome.

No comments:

Post a Comment