Tuesday, March 22, 2011

Тивок геноцид

(By Marsovka, 021/007)
Пред некое време ги читав саркастичните изјави на патриотите за тоа дека апокалипсата никако не доаѓала. Притоа негирајќи дека ни се случува нешто полошо од апокалипса. Нешто што не може да се дефинира поинаку од тивко трунење и тонење на народот. Не знам како да ви го објаснам освен со груб пример. Ако продолжи ова  деградирање и демолиразирање на народот,  полека но сигурно дека за неколку години ако некој рече дека сме дел од Република Албанија никој нема да го дигне гласот, нема да има немири освен неколкумина, поверојатно дека ќе се постави прашањето дали конечно ќе имаме подобар стандард сега? 
Дали ќе имаме поголеми плати сега? Постепено и тивко се урива стандардот на граѓаните, постепено и тивко се урива моралот нивен.

Можеме да седнеме и да се лажеме дека ништо не се сменило последните неколку години, но се менува секој момент кога некој човек во Македонија дига раце од државава, секој следен момент во нечија глава се увртува дека овде нема надеж за пристоен живот и дека треба да се замине. Ова е полошо од апокалипса, после апокалипса има надеж, има нешто што се вика одење нагоре. Оваа состојба која ја гледаме на тивко трунење и кршење кичмата на оние кои ја имаат, нема надеж, нема копнеж, било што освен апатија. Нема иднина. Нема ништо освен некои лични аспирации да се избега одовде по секоја цена.  
Можеме да бидеме саркастични, да обвинуваме кој сакаме, да вадиме реченици надвор од контекст. Но реалноста е таа.

Реалноста е дека ни се случува тивок геноцид. Не од страна на Албанците, Бугарите, Србите, Грците, рандом народ кој ни згрешил, туку од нас самите. Ние самите ја креиравме оваа атмосфера. Можеме да обвинуваме дека другите не биле доволно цврсти и треба да заминат. 
Но секој човек кој заминува од оваа држава е удар за нас самите, бидејќи тој што заминува не е бирократ, чиновниче, не е мрза, туку вреден човек со способности, вештини, дипломи, сонови, човек кој вреди, во најмала мера знае да збори англиски. Секој таков човек ни треба, секоја загуба на таков човек е преголема.



Реалноста е таа, ни се случува тивок геноцид а ние ја негираме, и тоа упорно. Негираме дека пропаѓаме, дека ние придонесуваме за ова што ни се случува. Дел од народот ќе се исели или замине по белите светови, дел полека но сигурно ќе труне. Полека но сигурно народов ќе прифати се само да се избави од бедата и сиромаштијата. Знам дека патриотите ќе се јават и ќе ме разуверуваат дека е крив овој оној, дека сеа ќе биде подобро или не знам што ти не. Но знаете што не се јавувајте ако сакате да се расправате кој е крив или дали е исто  или полошо, ако сакате да ја видете својата држава како огромен старечки дом каде престојуваат богати и мрсни странци а каде вашиот народ се нивни слуги  кои се замаени дека имаат некаква слобода и некаква ми ти држава со некаков ми ти суверенитет тогаш што да ви кажам освен... продолжете со вашата крстоносна војна. 

Слободно серете. Но тоа нема да смени ништо, освен што ќе придонесете да потонеме подлабоко во поларизирана атмосфера и омраза. Ако сакате да збориме како да ја избегнеме оваа  мрачна иднина тогаш сте добредојдени.
Немам сили, немам глас, немам бес во моментов освен моите мисли со надеж дека некој ќе ги свати. Дека некој ќе се свести. Дека некој ќе почне да гледа подалеку од тоа што се нуди по весниците, по медиумите, партиите.

Јас сум како сите други, човек кој дигна раце од државава неодамна со тронка надеж дека некој ќе го чуе пред да замине. Дека конечно ќе проработи логиката и здраворазумието и дека нема да мора да се замине одовде. Човек кој резигнирал како многумина пред него и после него. Човек кој му е смачено од лагите и лицемерието. Човек кој му е смачено да го прават будала иако ја гледа реалноста и ја кажува вистината која ја замачкуваат со обвинувања и лаги и испревртувања на вистината. Човек кој сака само пристоен живот  и пристојна работа. Обичен човек кој сака да се изрази, ништо повеќе. Човек со сон и аспирации кои му биле уништени од ова општество како и многумина пред него и после него.

Обичен шум во позадина кој го кажува своето мислење со надеж дека некој таму ќе го ислуша.
Уморна сум ...

1 comment:

  1. Сето тоа е ОК. Но, infact, работите се slightly different.
    Секој млад, начитан, талентиран, ... човек од оваа држава ... има многу поголем број на причини да замине, отколку причините кои би го натерале да остане, кои не се толку силни, а и да се, се бројат на прсти.
    Преголем диспаритет во тој поглед.

    ReplyDelete