Wednesday, July 8, 2015

Одмор од соништата

(By Roger Mortis, 196/76)
Што има лошо во тоа дечкото да ја одведе девојката на романтичен одмор за Божиќ?

Ништо особено, освен ако дечкото нагло почне да покажува значи на отсутност, изгубен поглед во далечината и да инсистира на недефинирана, фиксна идеја.
Питер Гибс, музичар и повремен пилот слетал со својата девојка во изнајмена Цесна-150 на хотелската писта (постоело и такво нешто) во Гленфорса, на островот Мал на северот на Шкотска.
Би се рекло почеток на одмор од соништата за вљубениот пар...а така и било се` до божиќната вечера на 24/25.12.1975. Двајцата испиле по неколку чаши вино и веројатно требало да се упатат кон хотелската соба за да се препуштат на телесни задоволства - кога одеднаш...Питер почнал да кажува дека мора да полета баш во тој момент, сам, веднаш, одма, без одлагање!
Неговата девојка, очекувано шокирана и изненадена од инсистирањето за летање не добила никаков одговор, Питер делувал малку збунето и отсутно и на сите нејзини прашања одговарал со неодредени фрази кои се сведувале но тоа дека мора да полета веднаш.

Девојката се нашла во небрано но сепак решила да го стори она што Питер го барал од неа т.е. да му помогне да полета. Наближувало полноќ, надвор била црна темница а тука била и маглата. Со батериска лампа во рацете, девојката се упатила на крајот на пистата за да сигнализира каде таа завршува и до каде отприлика нејзиниот дечко мора се одвои од пистата со авионот. Можеби фактот што Питер бил екс-пилот на РАФ (Британското воено воздухопловство) и имал прилично искуство со авиони и давало каква таква сигурност.

Питер успешно полетал...aaaaaaaaaand was not seen again...at least not alive.
По полетувањето - целосно исчезнал. Била дигната тревога, полицијата и крајбрежната служба го барале заедно со други граѓани кои се вклучиле во потрагата...целосно безуспешно.
И повторно одненадеж, во почетокот на Април 1976, ете го Питер! Но за жал, само како леш, на околу три километри од хотелот во кој престојувал со женската, без знаци на насилство освен ситна повреда на ногата. А авионот...Цесната останала исчезната иако лешот се појавил на место кое веќе било пребарувано. Лешот бил невообичаено свеж и без знаци на распаѓање соодветни на тромесечен престој на отворено.
Патолозите соопштиле дека смртта настапила поради премрзнување а не како последица на паѓање од височина.


Разни теории се појавиле околу овој случај.
Нормално, баналното објаснување со неверство и обид да се напушти женската било очекувано, но Питер не примил телефонски повик ниту некогаш се утврдило дека варал, од друга страна такво драматично `раскинување` е на граница на лудило и тешко замисливо а освен тоа не објаснува ништо за смртта и за исчезнувањето на авионот.

Друга теорија споменувала дека Питер бил шпион на МИ-5 и требало да оди на задача во Северна Ирска каде што тогаш имало граѓанска војна, таму бил убиен и потоа лешот вратен близу до хотелот (!?). Прилично неверојатно ако се има во предвид дека има еден куп начини за полесно справување со леш. Освен тоа...а где је Цесна?

Единаесет години подоцна во еден од заливите на островот Мал на неколку километри од пистата но во спротивен правец од местото на кое бил најден лешот - биле откриени остатоци од мал авион за кој некои претпоставувале дека е баш Цесната иако авионот очигледно удрил со голема брзина во водата поради што многуте остатоци биле разнесени наоколу, тоа укажува дека не се работело за принудно слетување кое би го оставило авионот да потоне како една целина.
Пронајдена била кабината, а во неа удобно сместен стоел - јастог...а легендата кажува дека тоа била баш последната вечера на парот во хотелот на 24.12.1975...

Подоцна во 2004 биле забележани остатоци од сличен авион во близина, Цесна но не од моделот 150, дефинитвен одговор немало никогаш...

Како и да е, пооригинален и повозбудлив одмор кој остава доживотни импресии - женската не можела да си замисли.

No comments:

Post a Comment