Wednesday, July 8, 2015

Ел Трол

(By Roger Mortis, 195/75)
Не знам точно кога настанале форумите како виртуелни платформи, веројатно во средината на деведесеттите бидејќи вебот постои од 1990 (www =/= internet) но она што е извесно е дека најпознатиот трол во историјата направил јузернејм околу 1998 а се прославил во 2000-2001 претставувајќи се како временски патник!
Денес виртуелните платформи се веќе позната ствар, свои профили на разни мрежи имаат и селаните на Огнената Зејма и Индиосите на Гран Чако, троловите се неуспешни и очигледни а членовите цинични и тешко дека некој би дигнал галама каква што дигнал јузерот TimeTravel_0 подоцна познат како Џон Титор на неколку американски форуми.

Јузерот започнувал теми и муабети околу апокалипса која следела во 2038.година поради комјутерски баг кој нема да ја препознавал 2038. после 19.јануари таа година и поради тоа ќе се ресетирале сите Јуникс базирани системи назад на 1901. а со тоа ќе следеле срања на планетата Земја.


Оригиналната временска дестинација на Џон Титор била 1975. а лично тој егзистирал во 2036. и морал да се врати во времето на афро-фризурите и ѕвонарките за да најде компјутер ИБМ-5100 бидејќи само таква машина можела да се употреби за исправање на багот поради употребата на АПЛ и Бејсик програмските јазици (!?).
Поради лични причини направил мала пауза во 2000 година (тоа за временски патник е нешто како кога се застанува на Стража ради цигара и мекици ваљда) и решил да го прерупреди светот за надоаѓачките настани.
А тие не биле забавни, нова граѓанска војна во Америка, пробив во квантните истражувања кои ќе доведат до развивање на временски машини, срања на Американски избори, пропаст на олимпијадата во 2008. во Пекинг и секако Трета светска која ќе трае кратко а ќе започне оваа, 2015.година.

Денес е лесно човек да се потсмева на сето тоа, но во тие невини виртуелни времиња Џон Титор бил сфатен сериозно од многумина, неговите испади станале предмет на расправа по виртуелните пространства ширум светот, радија, телевизии и весници објавувале стории за `пророкот`, подоцна се појавиле и книги и сето тоа го направило Џон еден од првите интернет селебритис во историјата, уште пред постоењето на ФБ и Јутјуб.

Типот тролал, тролал и тролал но тоа било квалитетно тролање, со употреба на солидна база на знаења околу физика, историја, политика и пред се` дистописки сценарија иако најверојатно бил инспириран од филмови, нормално тука е Терминатор каде што имаме лик вратен од иднината со цел да ја заштити жената која треба да го роди водачот на отпорот против машините и секако Враќање во иднината бидејќи Титор тврдел дека временската машина е адаптиран автомобил од 2030-те, омаж на бесмртниот автомобилски флоп Де Лореан, 1,21-те Гигавати и 88-те миљи на час...

Но сета таа нет-популарност не му донела ништо бидејќи на сцена настапило `Проклетството на тролот` што значи дека тролот не може да го надмине својот тролски идентитет и да се појави во јавност како реална особа бидејќи со тоа ќе го елиминира сето она кое го тврдел во вид на виртуелен лик. За разлика од подоцнежни нет-селебритис, Титор останал во рамките на виртуелното и некаде во март 2001 престанал да постира засекогаш. (Или барем на тема `временско патување`)...


Никогаш не се дознало кој бил ликот зад сето тоа, ај-пи, куки и провајдер базирани претраги не вродиле со плод што сведочи за прилично добра информатичка поткованост на тролот. Подоцна, некоја Италијанска тв-куќа најмила приватен детектив кој се водел од логиката дека тролот мора да е информатичар. Истрагата покажала постоење на фирма под име Џон Титор која се појавила во 2003 на Флорида но само како регистриран ентитет без канцеларии и вработени и иако без дефинитивни докази, заклучокот бил дека тролот бил брат на основачот на фирмата, информатичар по име Џон Хабер кој од непознати причини почнал да трола по интернет.
Дефинитивни докази немало, но индикациите укажувале на идентитетот на тролот на кој неможе да му се негира оригиналност и креативност.

Денес повеќе нема такви тролови, само ретардоси кои замараат раја и за кои би се рекло дека е подобро да си бидат свои, колку досадни и имбецилни да се`, бидејќи алтер-егото им е идиотско и никакво, појава од која не е лишена ниту една виртуелна платформа која нуди инкогнито идентитет.

No comments:

Post a Comment