Friday, July 10, 2015

Ловецот во `ржта

(By Roger Mortis, 199/79)
Ловецот во `ржта од Селинџер е прилично оригинална книга, се работи за тинејџ-анти-херој под име Холден Колфилд, повремен уживател на лесни дроги и социјално не баш најадаптиран, по малку иритантен лик...
Она што ја прави книгата влијателна надвор од библиотеките и домашните полици се теориите дека некои реченици во книгата биле вметнати со убиствена намера.

За време на апсењето на Марк Чепмен (убиецот на Џон Ленон) кај него била најдена оваа книга која ја носел со себе за време на убиството а ја купил неколку часа пред да го убие Ленон па дури имало и нашкрабана забелешка во книгата дека планира да направи некакво срање, сето тоа потпишано со `Холден Колфилд`  а се шпекулирало дека типот бил слушнат како вели `Catcher in the Rye says John Lennon must die`...

Наводниот убиец на Роберт Кенеди (Сирхан Сирхан) исто така поседувал примерок од оваа книга каква што имал и наводниот егзекутор на Мартин Лутер Кинг (Џејмс Ерл Реј).
Џон Хинкли кој извршил атентат на сенилниот Американскиот претседател Реган (успеал да го погоди во градите но го промашил срцето за малку) исто така непосредно пред атентатот ја читал Ловец во `ржта...


Според некои теории, Селинџер (и самиот изразито мистериозна фигура) бил дел од тим кој работел на сај-опс, разни проекти за контрола на умот и за стварање `Манџуриски кандидати`, убијци кои се програмирани да убијат одредена цел но таа цел им се соопштува индиректно заедно со наредбата за акција - преку читање на книгата во која се содржат команди кои служат како тригер на програмата всадена во умот на убиецот.
На тој начин можат да се елиминираат `непожелни` особи без никаков ризик дека нарачателите на било кој начин ќе бидат откриени, не постои врска која може да се докаже меѓу замешаните страни.

Книгата била објавена баш во истата година (1951) кога започнува со работа и првата програма на ЦИА за испирање на мозокот (проект Артичок на кој подоцна ќе се надоврзе злогласниот проект МК-Ултра).
Селинџер водел крајно повлечен живот, далеку од медиумите па дури и прекинал контакт со пријатели и роднини целосно, долго време се шпекулирало дека не постои таков автор, други тврделе дека е ликвидиран а трети дека живеел на некоја планина. Сепак, Селинџер бил жив а се упокоил во 2010 на 91-годишна возраст и со себе во гроб ги одвел тајните на своето најпознато дело `Ловец во `ржта`

Ако сте ја читале книгата и ви доаѓаат чудни мисли...не сте вие криви, до книгата е!
А ако ја читате во моментов и почнете да мумлате или шкрабате наоколу `Catcher in the Rye says комшијата/рандом лик кој ве нервира must die`, престанете веднаш со читање
Лично, ја читав преведена на Србијанско-хрватски при што не забележав наплив на хомицидални помисли во главата, претпоставувам дека кодот се активира само во оригинал на Англиски...

No comments:

Post a Comment