Saturday, July 18, 2015

Пази Секта !

(By Roger Mortis, 208/088)
Во соседството се прават сериозни напори децата и младите навреме да се запознаат со демнеењето кое го вршат сектите. Како резултат на тие напори и како последица на научни трудови од епски размери се појавуваат изданија кои ќе задолжат генерации луѓе преку својата спасоносна мисија.
Како што е општо познато, сектите најмногу вребаат околу сеуште неоформените детски умови. Hook`em while they`re young е мотото под кое сектите се обидуваат да врбуваат нови членови.
Со цел младата јавност да се информира околу таа опасност е објавена книгата `Пази Секта` на извесна Биљана Џурџевиќ-Стојковиќ која веќе објавила неколку феноменални дела на таа тема како `Ловци на душе`, `Исповести жртава секти` и `Лексикон секти`.

Ова значајно и пред се` поучно ремек-дело кое со своите хартиени страници застанува на браникот на правоверието било издадено во 2004.година од страна на Српската издавачка куќа `Антуријум` на 150 страни, а можело сеуште да се набави за некои три евра, сосема разумна цена за спас на душата на една млада особа.


Следи извадок од книгата со делумен список на опасни секти кои ги демнеат нејаките чеда :

Bele veštice
Gospodari prstenova
Rozenkrojceri
Zlatna zora
Antropozofi
Lucis trast
Kreacionisti
Kabalizam
Domneh
Subud
Spiritizam
Bektaši
O.t.o.
Hare krišna
Montanisti
Sanatan
Sajentološka crkva
Crna ruža
Red solarnog hrama
Tarot
Crna škorpija

Авторката очигледно била сеопфатна во истражувањето на секташтвото, вклучени се и Господарите на прстените, како што дознаваме станувало збор за секта основана од некојси Џ.Р.Р. Толкин.
Тука се и вегетаријанците за кои во книгата има и потресна исповед на родител `Упомоч дете ми је вегетаријанац`, и секако Јогата, која на задна врата, преку телесни вежби станува конкурентна на пазарот на секти.


Ова монументално дело претендира на избавување на најмладите од канџите на секташлукот и тоа на еден симпатичен, ненаметлив начин, со помош на суви факти и проверени аргументи кои се прилагодени за возраста на читателите при што има и пригодна корица на која ги гледаме Лиза и Барт Симпсон како се плашат од окултни симболи.

No comments:

Post a Comment