Saturday, July 18, 2015

Waco

(By Roger Mortis, 207/087)
Делувањето на сектите е фасцинантна тема која навлегува во најдлабоките амбиси на човечката психа, во динамиката на свесното делување, во мрачните катчиња на потсвеста - сектите се своевиден микрокосмос, систем во системот каде на мал примерок раја може да се дијагностицираат многу крупни проблеми кои го мачат едно општество.

Ако Аум Шинрикјо е најзабегана секта во историјата на секташењето тогаш Давидијанците се секако најхрабрите.
Давидијанската Гранка била фракција на некаква фракција од фракцијата на сектата Адвентисти (ги има и во нашите краишта) која што за разлика од мејнстрим Адвентизмот проповедала милениаризам, односно крај на светот. А што е крај на светот без второто доаѓање на Исус? Тоа е како грав без ребра, мотор без уље, Јин без Јанг, такво нешто не може да постои и затоа, многу природно, самиот лидер на сектата Дејвид Кореш се прогласил себе си не баш за второ доаѓање на Исус туку за `Последниот Пророк`, the next best thing to a Messiah.
Класичен лик на харизматичен секташки водач (плукнат Денис Хопер) со библија во едната и АК-47 во другата рака. Можеби и не баш толку класичен и можеби малку `оцрнет` од медиумите кои подоцна се настрвиле на Дејвид, неуспешен Хеви Метал басист и уште помалку успешен продуцент, кој го сменил своето неугледно вистинско име Вернон Хауел во Дејвид Кореш од маркетиншки причини.

Седиштето на сектата било во близина на градот Вејко, Тексас, САД каде што уште од 1920-те години биле изградени серија објекти за сместување на секташите.
При крајот на осумдесеттите започнала внатрешна борба за превласт во сектата. Двајца од тројцата кандидати за изпразнетото место `Пророк`, Дејвид и Џорџ Роден се одлучиле на фер натпревар во Некромантија чиј победник ќе докажел дека е во божја мисија.
Меѓутоа Дејвид како особено лукава особа го искористил откопувањето на лешот на некоја жена од локалните гробишта од страна на Џорџ за да издејствува апсење на конкурентот поради сквернавење на леш.
Откако Џорџ излегол од затвор по неколку месеци, прво што направил било да го ликвидира третиот конкурент, некојси Вејман Адер со удар со секира по главата после жестока теолошка расправа, чин за којшто бил затворен во лудница што му го отворило патот на Дејвид да дојде на чело на сектата.


Дејвид бил вреден човек, веднаш ги засукал ракавите и се фрлил на работа, неговите интерпретации на Светото писмо говореле за старт на `последните денови`, време во кое светот ќе се соочи со пропаст а ќе преживеат само `избраните`. Во игра била и популарната тема од рисјанската митологија позната како `Седумте печати`, пасуси од `Откровението` (најпопуларниот дел од библијата за генерации и генерации секташи) кои кажуваат дека Крајот на светот ќе дојде после отварањето на последниот, седми печат.

Како што Дејвид тврдел, печатите биле при крај, останувал уште последниот што значи дека Судниот ден бил скоро пред врата. Затоа Дејвид брзал да направи што повеќе деца со женските припаднички на култот, да донесе на свет ново поколение на секташи. А можеби само бил постојано напален...

За да се спасат од апокалипсата, секташите одлучиле дека молитва не е доволна, а богами ни мотика. Потребен бил кеш.
Затоа почнале да тргуваат со оружје на големо, полуавтоматски пушки кои ги преправале во фул автоматски, тешки митралези, рачни бомби па дури и понекој залутан рачен ракетен фрлач се наоѓал во понудата.

Таквите набавки не можеле да останат анонимни при што американската служба за Оружје, тутун и алкохол (!?) почнала истрага околу секташките активности. Истрагата резултирала со налог за претрес на секташките објекти и 76 вооружени членови на оваа федерална служба се упатиле да извршат претрес. Долгата колона на припадници на органите на редот предизвикала интерес кај локалната телевизија која ги наместила камерите за `директен пренос` од апсењето на секташите, агентите `позирале` како пауни пред камери а секташите кои ги имало барем 150 во објектите можеле на ТВ да видат дека се спрема рација...

Органите на редот, потценувајќи ги хард-кор вооружените секташи се обиделе да навлезат во објектите при што секташите отвориле оган, настанала права битка во која федералната Служба за алкохол, тутун и оружје била целосно разбиена и приморана да се повлече со неколку загинати и дваесетина ранети припадници. Секташите дури се покажале милостиви бидејќи при повлекувањето на агентите можеле тотално да ги покосат, нешто што Дејвид не го дозволил.

Откако се видело дека службата и локалната полиција нема да можат да се справат со сектата во приказната се замешале ФБИ кои испратиле специјални одреди, ја заобиколиле сектата и почнале опсада која ќе трае 51 ден и во која ќе бидат употребени тенкови, оклопни транспортери, психолошко оружје и хеликоптери.
Очекувале дека за неколку дена на секташите ќе им снема храна и вода и ќе се предадат цимолејќи, но тоа било наивно очекување, секташите имале огромни залихи на храна вода и муниција кои ги спремале во очекување на апокалипсата. А таа на некој начин и пристигнала...


После неколку обиди за пробив кои не успеале (во кои бил ранет лидерот на сектата) ФБИ одлучиле да преговараат. Во меѓувреме припадници на ФБИ убиле еден секташ кој однадвор се обидел да се пробие во објектот.
ФБИ целовремено пуштале непријатни звуци од огромни звучници околу објектите со цел секташите да не можат да спијат, вклучувајќи и ретро-хитови од Ненси Синатра. Јаки светла исто така биле употребувани за постојано заслепување на Давидијанците.
Преговорите не вродиле со плод и на 51.ден мистериозен оган започнал да се шири низ секташките објекти. До ден денес не се знае кој го подметнал пожарот, преживеаните секташи тврдат дека тоа е масло на ФБИ (the pun is strong here) а ФБИ тврди дека самите секташи во настап на апокалиптично лудило решиле да се саможртвуваат. Во хаосот и огнот загинале најмалку 80 секташи вклучително и лидерот и неговите помошници и со тоа бил ставен крај на опсадата. За трагедијата да биде поголема, изгореле и многу деца кои се криеле во подземна скривница чиј излез бил `случајно` блокиран од паркиран тенк.

Контроверзите околу овој настан никогаш не стивнале, државните служби сериозно се избламирале, прво специјалците бидувјаќи поразени од група секташи, потоа и ФБИ кои со тимови психолози, преговарачи и тотална опсада со користење на сите расположиви средства не успеале да ги натераат секташите на предавање, медиусмкото фијаско и непотребните жртви.
Најверојатно државните вооружени служби решиле покажат `кој е кој` преку крвав пир кој ќе испрати `порака` кон тогашниот бран на појава на секти и разни сецесионистички милиции и да ја ликвидираат сектата со помош на пожар,  газење на деца со тенкови и стрелање на луѓе при обид да излезат од пеколните огништа.

И покрај релативната забеганост, припадниците на култот со ништо не заслужиле таков крај и такви маки. Мора да се признае нивната неверојатна храброст во скоро двомесечниот вооружен отпор кон неспоредливо посилен и подобро опремен противник.
Единствено е штета што не успеале да повлечат со себе на оној свет повеќе припадници на државните служби.

No comments:

Post a Comment