Tuesday, July 7, 2015

Изгубени Кинези

(By Roger Mortis, 192/72)
Во времето кога Шутен Доџи јавајќи на Тенгу дојавал на кинескиот Mainland и ветриштата на Апсолутното зло манифестирајќи се како Јапонски војници поставувале нови стандарди на злоба и уништување со кулминација за време на `Силувањето на Нанкинг`, привремената Кинеска престолнина - се случил еден настан кој освен зло содржи и нешто повеќе. Или помалку...
Факат исчезнувањата се секојдневни трагични настани, киднапирања или необјасниви случаи постојат отсекогаш. Најчесто станува збор за поединечни исчезнувања. Но затоа во Кина, можеби во склад со бројноста на популацијата - се случувало да исчезнат илјадници луѓе наеднаш.

За време на втората Кинеско-јапонска војна (1937-45) се случило најмистичното исчезнување на дури 2.900 војници, припадници на Кинеската армија во близина на градот Нанџинг.
На 9.декември 1939, батаљон на Кинеската војска под команда на полковникот Ли Фу Сиен пристигнал како засилување на единиците кои се обидувала да ги сопрат Јапонските агресори. Треба да се напомене дека веројатноста е дека станувало збор за полк а не за батаљон бидејќи цифрата од 3.000 војници е многу поблиска до полк отколку до батаљон кој пак е составен дел од еден полк...
Единицата била распоредена на дел од фронтот од некои три километри, со една претстража од неколку десетици војници понапред. Војниците пристигнале приквечер и до 4 часот наутро се распоредувале на позициите. Во текот на ноќта не биле очекувани судири а по изгрејсонцето...немало ниту трага ниту глас од кинескиот батаљон!


Некои офицери го разбудиле полковникот поради загриженост што не можат да стапат во контакт со неговите војници. После неколку неуспешни обиди било решено да одат со возило на лице место и лично да видат што е проблемот. Имале и што да видат, рововите, шаторите, складовите - биле празни. Во прв момент се посомневале на дезертирање - но дезертирање на 100% од војниците и офицерите - заедно е невозможно. Освен тоа би оставиле некаков траг на движење, сепак се работело за скоро 3.000 луѓе. Ништо од тоа, настрана од неколку места каде тлеел оган запален вечерта - немало ништо што би навестувало за судбината на војниците.
Од моментот на последната комуникација со припадници на батаљонот до пристигнувањето на местото на настанот од страна на полковникот поминале само три часа...

Полковникот и некои офицери се пробиле до претстражата каде што мала група војници од истиот батаљон чувале стража и останале единствени од батаљонот кои не исчезнале. Но и тие не виделе и не слушнале ништо и биле и самите шокирани од вестите.
Околните селани биле испитани но и тие не виделе ништо, никој не слушнал ниту пукање ниту движење

Следна теорија била дека батаљонот се предал на Јапонците но тоа испаднало дека не е точно, бидејќи после војната се утврдило дека Јапонските единици на тој дел од фронтот не заробиле никого таа ноќ и не само тоа туку не биле во борба со никого таа ноќ. Постоел мост кој морал да биде пројден за да се дојде до јапонските линии но јапонските стражи не виделе никого.

Исчезнатите никогаш не се појавиле никаде, ниту во своите места на живеење ниту кај своите семејства и пријатели, едноставно буквално ги проголтала ноќта.
Единствени Кинези кои биле позагубени од наведените војници се туристите кои во својата блажена неинформираност искрснале однекаде на почетокот на летото во 1992...точно на време при затворањето на обрачот на четничките орди околу Сараево...

No comments:

Post a Comment