Monday, July 20, 2015

Кришна Вента

(By Roger Mortis, 210/090)
Once upon a time there was a секта која извршила напад со бомбаши-самоубијци looong before it was cool.
Истовремено биле навлезени во источњачки мистицизам многу пред Хипи времето, again quite ahead of the global trends.

Која била оваа секта во која доколку постоеше денес сигурно би членувале експлозивни хипстери?

Се нарекувале Фонтана на Светот  а биле предводени од некој Франсис Пенцович, дете на Еврејски емигранти во Калифорнија. Како што е редот, Франсис си го сменил името во Кришна Вента, го отфрлил Јудаизмот и после богата кариера исполнета со ситни превари, криминал и чести престои во затвор - решил да се просветли, да стане Гуру и да собере следбеници кои ќе ги одведе во светла иднина и спасение.
Почетокот на сектата биле во раните четириесетти, во периодот кога Вента праќал заканувачки писма до тогашниот претседател Франклин Рузвелт (!?) од некои само нему познати причини поради што бил затворен во лудница.

А дали има подобро место за просветление од лудница?
После излегувањето, Вента се прогласил за Гуру откако тврдел дека духот на Исус се даунлодирал во неговото тело и тој станал само алатка за канализирање на повисока свест, проповедал тешко сварлива мешавина од рисјански/мормонски, јудејски и хинду мистицизам.
Духот на Исус наводно бил одамна присутен на земјата бидејќи пред 100.000 години стигнал на планетава со вонземски брод и бил распореден во разни поединци кои на тој начин ја пренесувале пораката на рајата.
Меѓу нив биле и првиот човек Адам, Кришна, Исус, Џозеф Смит (основач на мега-сектата Мормони) и Абрахам Линколн (!?) а последен таков, природно бил Вента...


Апокалиптичен секташ не би бил апокалиптичен доколку не предвидувал крај на светот а Вента кажувал дека ќе има атомска војна меѓу САД и СССР и дека мора за што пократко време да собере 144.000 следбеници кои ќе го продолжат човештвото на едно ново, повисоко ниво на свесност.
Нешто слабо му одело бидејќи собрал најмногу неколку стотици члена, купил имот на некои 45 км од Лос Анџелес, место каде секташите спокојно можеле да секташат.
За воља на вистината сектата се бавела со добротворна работа, спасиле некои луѓе при голем пожар во Калифорнија и неколкумина преживеани од авионска несреќа а во својот имот примале и бездомници и разни страдалници.
Вента подоцна отишол во Европа да се сретне со Папата во Рим, да му ги отвори очите и да му каже како стојат работите само што Папата не бил расположен да му даде Аудиенција.

Повремено биле вршени квази-распнувања со цел Вента да го доживее `филингот` на Исус на Голгота. Меѓу другите духовни дејанија биле и коцкањето во Лос Вегас, превара со паричните фондови на сектата и активно месијанство. Со цел да набави средства за јачање на сектата, Вента често одел во Лас Вегас откако еднаш добил добра пара на коцка...но среќата се` повеќе го напуштала и морал да зема пари од фондот на сектата и да се коцка со нив со што ја довел сектата пред финансиски колапс.

И тогаш (1958) на двајца фанатични секташи им прекипело, крајот на светот и атомските печурки ги немало никаде, а заедничките пари магично исчезнувале. Двајцата решиле да му го дотераат умот на коцкарот-месија-бесмртник-ascended-master преку лична саможртва, маченички пат кон подобриот свет.
Веројатно имале страв да се соочат отворено со лидерот и затоа решиле да се жртвуваат без многу муабети бидејќи делата зборуваат сами за себе.
Набавиле динамит кој го врзале околу појасот и со електричен упаљач во рацете отишле во `базата` на сектата во Калифорнија и го пронашле Кришна Вента како проповеда пред голема група луѓе.
Во тој момент го активирале експлозивот при што биле разнесени бомбашите-самоубијци заедно со лидерот Вента и осум други секташи, се` на се` настрадале 11 лица а преку 70 биле тешко ранети од експлозијата.

И така месијата заминал на повисоко ниво на постоење, буквално се дезинтегрирал, а сектата никогаш не се опоравила од шокот и губењето на водачот, постоела уште некое време со се` помалку членови за да во средината на деведесеттите замре скроз.

The Cult was just too early...

No comments:

Post a Comment