Wednesday, July 15, 2015

Луѓе и Термити

(By Roger Mortis, 204/084)
Постојат многу приказни за закопани богатства кои ја скокоткаат фантазијата на модерните ловци на богатство. Подзаборавената легенда за златото на украинскиот Хетман Павло Полуботок исчезнато во лавиринтите на Британските банки, мејнстрим легендите за закопаните пиратски богатства како она на капетанот Кид, веќе помалку досадните Нацисти и нивните баснословни скривници по Алпите, митското злато на `Белиот` контраш Колчак - сите тие му правеле друштво на легендата за златото на генералот Јамашита.
Поради неочекуван развој на настаните, златото на Томојуки Јамашита излегло од сферата на легендите и станало сосема реален факт и сега е осамено и тажно, без своите поранешни другарчиња кои му правеле друштво во имагинарниот свет.

Благо патетичниот вовед настрана, се работело за богатство кое манијакалните Јапонски орди за време на Втората Голема Војна, па и пред тоа - во својство на Термити - го краделе од цела Азија, според планот кој го изработил братот на царот Хирохито (something.....Hito) кој практично значел дека треба да се собере се` што има вредност од окупираните подрачја а за практична реализација бил назначен генералот Јамашита, ветеран од геноцидните дејанија на Јапонската `Квантунг` армија во Кина.

Како и нивните еквиваленти од светот на инсектите - и Јапонските војски ја хранеле `Матицата` со ограбеното богатство. Митовите за Јапонските чесно-поштени воини, наследници на Бушидо стандардите на однесување и војување се појавиле подоцна, во Калифорнија. На Кинеската, Корејската и Филипинската раја се` им било јасно одамна...


Краделе што краделе и сето тоа го носеле на Филипините, таму го сортирале и пакувале, претопувајќи ги златните и сребрени полуги за да се избришат печатите на разните оригинални сопственици. Товарот го носеле на пристаниште, го товареле на бродови и подморници и правец - Нипон.
Веројатно заблудени во својата самодоверба поради почетните успеси, не очекувале дека Америте толку брзо ќе се пробијат низ Филипинските острови при што дел од масивното богатство останал непревезен во Јапонија. Поради тоа Јамашита наредил да се ископаат 175 подземни складишта каде што ќе биде закопано сето тоа, во очекување на контраофанзива, пораз на Америте, Божји ветар...подобри времиња во секој случај.

Нормално, работниците кои како робови работеле на тунелите во кои било закопувано богатството биле ликвидирани по завршувањето на работата, прагматична постапка за да не протечат информации иако и Садизмот имал улога во сето тоа, како по најдобар Бушидо обичај. Локациите бил запишани со шифри на хартија и биле однесени во Јапонија.
Јамашита бил фатен од страна на Јенките, осуден како воен злосторник и обесен така што ја однел тајната на богатството во гроб. Или барем така се верувало...

20-тина години подоцна, некој сиромашен лик од Филипини кој се викал Рохелио Рохас, опседнат од муабетите за наводното богатство закопано од страна на Јапонците во неговиот крај, после многу маки, штедење, напорни претраги - стигнал до една од шифрираните мапи, очигледно не сите биле пренесени во Јапонија или пак некој направил копии, за случај патриотизмот да не е доволно калоричен после војната.
Рохас пронашол и некој роднина кој знаел Јапонски, ја превеле мапата, ја дешифрирале и сиромашниот лик собрал се што имал и се што немал, најмил и неколку души за да заедно копаат во тунелот кој го пронашол.

По неколку месеци копање и тешки напори...се испоставило дека богатството не е наводно туку сосема реално! Станувало збор за едно од 175-те тајни складишта. Околу 240 златни полуги, сребро, уметнички дела, златен Буда украден од Бурма, накит...
Рохас очигледно немал почит кон религиозната реликвија бидејќи ја одвртел главата на Буда...и за тој неочекуван труд бил награден со два грста необработени дијаманти кои биле скриени во внатрешноста на псевдо-божанската статуа.

Сиромавиот станува милијардер...

И тогаш стапува на сцена гаден, одвратен, никаков, грозен, подмукол, курвински плот твист.
Одвратен, никаков, грозен, педерски, гаден, ужасен, злобен...споменав и гаден?!
Имено, диктаторот на Филипини во тоа време, клептократска џукела која се одазивала на име Маркос - и самиот трагал по богатството, имал ангажирано тимови од археолози но сето тоа - попусто. Дали еден од копачите пијан се пофалил некаде, дали некој го видел златниот Буда и седумте полуги кои ги носеле за да ги продадат или нешто друго - Маркос дознал за настанот и ја пратил тајната полиција да го најде сиромашкиот Рохелио, го нашле и го уапсиле, го тепале, го гореле со цигари, му приклучувале електроди на гениталиите...видел не видел, Рохас им кажал каде е богатството и потпишал дека го донира на...државата. А државата била Маркос.


Подоцна следеле разни трауми, го ставиле во затвор каде останал неколку години, избегал но бил фатен и повторно вратен во зандана, подоцна го пуштиле но не бил сигурен дека ќе преживее се` до падот на Маркос и режимот во 1986. Жена му го напуштила со децата, не гледал на едно око од тепањето, му се треселе рацете, јадниот немал скршена пара иако за кратко време имал се`.

Успеал да најде адвокат кој се согласил да покрене тужба на Хаваи (каде што лагодно живеел пребегнатиот диктатор), процесот се развлекол и тек во 1996 била донесена пресуда да му се врати богатството заедно со најголемата отштета во правосудната историја на светот од 40 милијарди долари, но попусто, богатството одамна било пренесено по сметки во Швајцаски и Кајмански оази...
Залудно и поради тоа што Рохас не ја дочекал одлуката на судот, умрел од мозочен удар во 1993, без сомнение поради последици на трагичните настани кои му се случиле.

Ептен депресивна прича за еден кутар човек, кому би му доликувал портрет од некој нов Теодор Жерико, единствен кој би можел да ја долови трагичноста на една мрачна судбина.
Трагедија произлезена поради толку маки и напори, штедење, кратење на секојдневниот леб, успех во пронаоѓање на богатство за кое малкумина воопшто и верувале дека постои, без да превари или повреди некого...за да на крај наместо да ужива во плодот на својата работа и фанатична упорност - Рохас завршува како руина, напуштен од сите, седејќи сам пред својата куќичка, веројатно не можејќи да ги сфати и не сакајќи да се предаде на одвратните пресврти на судбината.
Ако некогаш имало потреба за измислување на поим спротивен од хепи-енд, тогаш тоа било во овој случај...

Отануваат уште 174 тунели, 174 мамки за авантуристи од целиот свет, 174 потенцијални трагедии...

No comments:

Post a Comment