Thursday, July 16, 2015

Еурека

(By Roger Mortis, 205/085)
Кажано е дека параноикот (за разлика од муштеријата кој наводно секогаш е во право) треба само еднаш да биде во право, а во случајот со невработениот германски граѓанин Гинтер Штол - параноикот и тоа како бил во право.

Човек во средина на неговите триесетти, сосема обичен, regular Joe кој со ништо не се разликвуал од останатите освен што во последните неколку години од животот почнал да се интересира за алтернативни погледи кон реалноста. Информациите кои ги собирал од весници и книги не ги споделувал со никого. Одвреме навреме неговите блиски и сопругата забележувале како споменува нешто во смисол дека `тие` се криви за ова или она или дека `тие` кројат планови да го уништат.
На прашањето кои се тоа `тие`...одговарал конфузно со нешто како `па знаете...тие`.

Последните месеци од животот ги споменувал `тие` се` почесто, а на кобниот 25.10.1984, Гинтер бил видно нервозен, како да чувствувал закана по својата безбедност.
Приквечерта бил замислен и повлечен повеќе од вообичаено кога одненадеж извикал `Сега сфаќам!` после што недефинирано изјавил дека непозната групација луѓе сакаат да го ликвидираат или нешто слично. Еурека-моментот бил проследен од шифра која оденакде му искрснала во главата и Гинтер ја запишал на хартија, тоа биле шест големи букви (Y, O, G, T, Z, E) кои нешто подоцна ги прецртал (или подвлекол, не било баш јасно)...

Неспокоен, Гинтер отишол околу 23.00 часот во бар во гратчето Хајгерзелбах каде живеел и нарачал пијачка. Откако ја испил првата голтка нагло се онесвестил и удрил со главата во некоја столица. По извесно време се освестил и си заминал без да се напие ништо повеќе.

По околу четири часа, двајца камионџии забележале слупан Голф-кец покрај автопатот а блиску до Голфот стоел некој лик облечен во бела јакна. Набрзо пристигнала полицијата која го пронашла Гинтер како седи соблечен гол и тешко претепан во седиштето на Голфот. Иако со тешки повреди успеал да се врати во свесна состојба додека полицијата го извлекувала од автомобилот. На прашањето што се случило - им кажал дека `тие` го претепале и дека се работело за четворица напаѓачи кои прв пат ги гледал во животот.
На пат кон болница Гинтер им подлегнал на повредите...


Полицијата утврдила дека Голфот воопшто не бил оштетен од излетување од патот туку дека бил турнат во ендек, обдукцијата и тестовите утврдриле дека немало ниту алкохол ниту дроги или лекови во крвта на Гинтер. Истрагата укажала дека Гинтер бил запрен на патот, изваден од Голфот и тепан а потоа вратен внатре и колата била турната настрана.

Никогаш не се утврдило кој го убил Гинтер Штол ниту пак се дознала причината за убиството и до денес не се знае кои биле убијците или кој бил ликот во бела јакна кој бил виден до самото место на злосторот.
Ништо помалку мистериозна не останала и пораката (шифрата?) со шест букви која ја напишал и оставил на сопругата.
Организираноста на убијците и неоставањето траги укажувале на професионализам што уште повеќе говорело за фактот дека Гинтер бил на траг на нешто.
Што било тоа нешто, никогаш нема да се дознае, иако е јасно дека целиот настан никој не би го организирал само за да убие некој небитен лик од германска вукојебина што наводно страдал повремено од параноични испади...и кој предвидел дека ќе се случи нешто драматично во денот кој излегол дека е последен во неговиот живот...

Останува нејасно зошто не избегал некаде далеку (а можеби баш тоа се обиидувал да го стори бидејќи бил најден на автопат) и дали некој му имал ставено `дрога во сокчето` во барот. Нејасно е и на какви информации налетал кои би го довеле во животна опасност поради нивната содржина.
Она што е сосема јасно е дека не бил баш доволно параноичен...

No comments:

Post a Comment