Friday, July 3, 2015

No Good Deed goes unpunished

(By Roger Mortis, 191/71)
Дијагностиката на ментални болести отсекогаш била плодно тло за злоупотреба. Тука не зборуваме за лаконски `дијагнози` на лаици во секојдневието туку за сосема стручни лица, обучени за бавење со умоболие кои својата репутација ја ставаат во служба на различни режими, корпорации или едноставно непожелни наследници по тестамент. Од легендарните Лоботомии на непријатели на поединци или групи, преку масовната дијагностичка лавина на болести и `болести` која резултира со употреба на легални дроги во износи од десетици милијарди годишно, па се до ставањето на сосема нормални `ментално болни пациенти` во лудници како казна за противење на одредена власт или парадигма...

Пред некаде една година во Канадскиот град Халифакс, непозната особа почнала да се мота по градот и да дели пари во готовина и сребрени кованици на сосема непознати луѓе.

Изборот на луѓе на кои типот им делел пари (најчесто во 50 и 100 доларски апоени) бил сосема рандом - од некој лик кој работел на бензинска до домаќинки кои му отварале врата кога ќе им заѕвонел. Типот бил со брада, средна градба и не делувал невообичаено во ниеден поглед, носел закрпени фармерки и џемпер. Ако го прашале од каде е одговарал дека доаѓа `од шумата` а понекогаш погледнувал нагоре (пратен од Бог!?) или споменувал нешто нејасно во контекст дека треба на рајата да им се помогне и да им се вратат пари...
Причината за ваквиот испад на алтруизам останува непозната иако човекот подоцна споменал дека сака да помогне на оние кои имаат потреба од помош и општо на човештвото, но она што е добро познато е реакцијата на системот.
А таа е очекувана и жестока.


Имено, типот го притвориле и пикнале во лудница поради тоа што делел пари. Во очите на државата делење пари на непознати лица е јасен симптом за умоболност. Во целата ситуација не` недостасувале психијатри кои ќе стават потпис кој води директно во соба со меки ѕидови...
Дали постои закон со кој се забранува поклон на непозната особа не сум сигурен, би рекол дека не постои такво нешто дури и во Канада, но пригоден законски акт може да се најде ако треба, бидејќи законот е тесто во рацете на власта и може да се меси по потреба.
И така човекот завршил во лудачка кошула...

Некои од луѓето на кои им поклонил пари дигнале галама со цел да го ослободат и да привлечат внимание на случајот. Се замешале и медиумите и идентитетот на ликот бил откриен за кратко време, се работело за извесен Ричард Рајт и многу негови познаници заедно со неговата ќерка тврдат дека немало никаква ментална болест кај Ричард и дека реакцијата на властите е срамна и застрашувачка.

Што не носи до сознание дека патот кој `недвојбено` води кон жолто комбе и кошула со сошиени ракави меѓу другото е преку ничим изазвани добри дела.

No comments:

Post a Comment