Friday, July 3, 2015

Малиот Голем Рог

(By Roger Mortis, 190/70)
Историјата на колонизацијата на нови територии во `новиот свет` пред се` е историја на судар помеѓу драматични разлики во технологијата на убивање. Обично воените операции се завршувале со масакр над домородната популација поради изразита технолошка надмоќ, (фамозните Пушка, Челик и Бактерии на Џаред Дајмонд).
Но секое правило не е правило ако не се појави и понекој исклучок како Исандлвана.
Или пак Малиот Голем Рог...

Шта речи?

Противници : Армијата на САД (7-ми коњички полк, 678 војници под команда на полковник Џорџ Кастер) vs. Индијанска групација (Чејени,Сиукси и Арапахо, околу 3000 воини предводени од Бикот кој седи и Лудиот коњ.)

Кога : 26-ти Јуни 1876

Каде : Долината на реката Литл Биг Хорн, Монтана

Армијата на САД добила задача конечно да ги втера тврдоглавите Индијанци во предвидените резервати, ако треба и со употреба на сила. Според договорот на владата на САД и поглавицата Црвениот Облак неколку Индијански племиња требало целосно да се релоцираат од нивните територии во оние кои им ги наменила власта на САД, а со цел земјата да биде населена од бели колонисти.
Голем дел од племињата го одбиле договорот и почнале да пружаат отпор. Посебно гореспоменатите племиња групирани под водство на Сиукс поглавиците Бикот кој седи и Лудиот коњ.
Американската администрација под притисок на ордите на бели доселеници решава да поведе воена експедиција и да ги напика Индијанците во резерват а во случај да не може да го стори тоа да истреби што е можно повеќе од нив.

По неколку масакри врз Индијански племиња, претежно жени деца и старци а не воини (злостворства подоцна преименувани во `битки` од страна на Холивуд) Американските сили пред се` 7-от коњички полк решаваат да преземат конечна офанзива во долината на реката Литл Биг Хорн каде скаутите лоцираат голема групација Индијански воини. Полковникот Кастер е нестрплив да се здобие со воена слава бидејќи колежите на жени и деца што ги извршил претходните месеци во никоја варијанта не можеле да му донесат слава и чест. Решава да нападне сам со својот полк, решава да не ја чека пешадијата, а одбива да ги земе и митралезите `Гетлинг` кои му ги нуди командантот на 20-от пешадиски полк бидејќи смета дека само ќе го успорат во нападот...
Поделен на четири одреди, полкот треба да удри на Индијанските сили спрема планот на Кастер, првиот одред директно, вториот и третиот по крило а четвртиот да ја отсече евентуалната рута за бекство на Индијанците.


Иако скаутите јавуват за концентрација на голема група, по нивни процени барем 1500-2000 души, Кастер арогантно решава дека бројната надмоќ на Индијанците не е некој голем проблем...
Околу 15 часот почнува нападот. Првиот одред галопира директно на групацијата Индијанци, кои се вооружени воглавно со огнено оружје, со популарните репетирки Винчестер кои собираат 7-15 куршуми во магазинот, зависно од моделот, за разлика од стандардните пушки на Американската армија со кои после секој истрел требало да се става нов куршум во комората. Нормално, Индијанците ги набавиле пушките од белци, за добра пара. Во бизарен сплет на околности, технолошката иновација овој пат била на страна на домородните сили.

Во исто време вториот и третиот одред притиснале на крилата со цел да ги заобиколат Индијанците. Меѓутоа ова лесно го предвидува Лудиот коњ и поведува голема група воини (околу 1000) да ги заобиколат вториот и третиот одред користејќи ја бројчаната надмоќ, брзината и супериорните јавачки вештини.
Во класичен маневар на опкружување (клешта) - три четвртини од силите на Кастер влегуваат во стапица.
Четвртиот одред кој се наоѓа во позадина, слушајќи дека опточнала голема борба се упатува кон местото на настанот со цел да ги деблокира трите одреди.

За тоа време целосно опколени и со однос на силите изразито во корист на Индијанците, трите одреди се уништени до последниот човек за неполни два часа. Кастер паѓа на бојното поле и подоцна е скалпиран. Четвртиот одред е немоќен да стори нешто повеќе, само е вовлечен во дебаклот и разбиен до крај како и преостанатите три, со што се` раѓа легендата за мајсторите на руралната Герила, Бикот кој седи и Лудиот Коњ а свое место на различни ранг листи на најнеспособни команданти во воената историја, наоѓа и Џорџ Кастер кој сепак на задна врата влегол во историјата...

Загубите на индијанците се проценуваат нa околу 130 мртви и 160 ранети. Кај Американците преживеал - еден коњ...

No comments:

Post a Comment