Tuesday, July 7, 2015

Затресканиот ѓаол

(By Roger Mortis, 193/73)
Дека занимавањето со ѓаоли и окултизми никогаш не е на арно, најдобар пример бил францускиот писател Жак Казот, невообичаен лик за своето време, веројатно прв писател на научна фантастика во светот (пишувал за подморници кои пловат низ Медитеранот) и еден од раните романтичари, може да се каже нешто како типична Трендсетер особа на своето време. Најпознат роман му била романтичната дешавка `Le Diable Amoreux` (Вљубениот ѓаол) каде што главниот лик се заљубил во жена која што уствари била Луцифер...

Како оригинална личност бил често повикуван на тогашните забави на аристократијата, а еден ден во 1788 бил повикан во самиот крем на тогашното Француско општество, вклучувајќи го кралот и кралицата (онаа со колачите).

Бидејќи често се појавувале гласини дека Казот има способност да ја гледа иднината, присутните се шегувале и кажувале досетки на негова сметка, што по извесно време го налутило Жак. И тогаш побарал да се обрати на присутните со неколку предвидувања...
Прво соопштил дека многу наскоро (не навел точна дата) ќе започнат големи нереди, дотогаш невидени во Франција. Присутните не биле импресионирани пошто нереди и бунтови имало отсекогаш...но тогаш Казот соопштил дека кралот и кралицата ќе завршат обезглавени!


Настапила мачна и непријатна тишина, класичната разговорна `бомба`, to put it into perspective исто дејство би имал некој тип да дојде на јака забава, да се соблече и да се исере на сред соба/подиум/шанк/билошто.
Но тоа било само почеток бидејќи неговиот колега по перо Никола Шамфор се обидел да го намали импактот од изјавата на Жак...само за уште повеќе да го испровоцира при што Жак му кажал дека за неколку години Шамфор ќе умре во агонија после 22 неуспешни обиди за самоубиство

Тоа изгледало веќе претерано, ајде кралот и кралицата и некако, но 22 обиди за суицид!?
Следен бил маркизот Кондорсе за кого предвидувањето било исто - дека ќе умре од своја рака, но помалку драматично (со труење) и тоа кратко време пред да биде суден...
На крај во муабетот се замешал некој Жан Франсоа Деларп, закоравен скептик и атеист кој се обидел да го исмее Казот, но попусто, следело последното предвидување - дека Деларп ќе стане фанатичен христијанин...
Очигледно вознемирен и пред да одговори на прашањата за сопствената иднина, Жак Казот ја напуштил забавата.

Никој не знае дали присутните главоњи сериозно го сфатиле сето тоа, бидејќи продолжиле да се шегуваат и после заминувањето на Казот...но подоцна во нивните животи сигурно таа вечер им дошла во јасно сеќавање, чисто за да ги измачува во последните денови од нивниот престој на овј свет.

Француската револуција започнала една година после наведената забава, баш како и што предвидел Жак. Кралот и кралицата завршиле обезглавени, Шамфор во обид да го избегне апсењето се обидел да се самоубие но открил дека сечилото од ножот било прилично затапено и му требале 22 засеци околу вените за да конечно `успее` (умрел од губење крв после неколку дена), маркизот Кондорсе станал видна фигура во револуцијата но откако гласал против смртна казна за кралот - паднал во немилост кај Јакобинците и бил приведен а во духот на ситуацијата, знаејќи дека Гиљотината работи 24/7 - во настап на параноја се отрул себеси за да избегне судење.
Деларп исто така учествувал во револуцијата и бил сведок на владеењето на Теророт и сите `убавини` кои се случувале за да после неколку години...се покае и стане фанатичен христијанин

Жак Казот со причина не ја споменал сопствената иднина бидејќи и самиот завршил на Гиљотина во виорот на револуцијата, заминал од оваа тажна реалност пред да се остварат сите негови предвидувања.

No comments:

Post a Comment