Monday, July 20, 2015

Села и градови

(By Roger Mortis, 209/89)
Тешко е да се прецени безначајноста на населените места во прататковината на Хунзите. Ако на безначајноста и се придружат останатите карактеристики кои ги `красат` градовите (бесперспективноста, изолираноста, мртвилото и грдотијата) - тогаш би се добила една целосна слика која за која не може да се пронајде погоден збор во сиротиот Македонскиот речник.

Интересна работа се митовите. Еден од тие митови кој како црево се влече постојано низ годините е дека градот Скопје претставува метропола, центар, значајно место. Можеби...иако на жалост само во рамките на одредена територија која покрива 25.713 км2 по последните мерења и во која наводно постојат 2.062.000 носители на корпоративна декларација за власништво (пасош, лична карта, извод од книга на родени) според одамна застарените пребројувања.

Надвор од таа мала и тажна територија значењето на Скопје е еднакво со тоа на Ниш, Тирана, Приштина, Пловдив, Бања Лука...споредба веќе со Солун, Софија, Белград (иако и Белград е `неумитно` на пат да стане припиздина и покрај олеснителни околности како бомбардирања and stuff) па дури и Сарајево или Сплит е на голема штета на Скопје од било кој аспект.

Регионално, континентално и глобално, значењето на Скопје е повеќе од скромно.
Ако на регионално ниво, сеуште може да се фати на радарот со тешки маки, веќе на континентално ниво - било какво значење на Скопје е непостоечко.
Непостоечко во онаа мера колку што континентално `не постојат` Дебар, Прилеп, Охрид, Битола, Крива Паланка...
Следи непобитен заклучок  дека на глобален план Скопје е еднакво на Кочани.


Охрид и Битола на пример се тешки вукојебини. Разликата со Скопје е во тоа што се мали вукојебини а Скопје е релативно голема припиздина, вукојебина и недоџија. Релативно бидејќи во Индија постојат петмилионски градови за кои никој не чул ништо.
Чисто разлика во бројот на жители и кумулативното влијание што тоа го носи.
Нешто како разликата меѓу Охрид и Косел или Битола и Новаци.
Менталитетот е малограѓанско-ситнобуржоаски-ретрокомунистички амалгам, зачинет со изразитиот шарм на забаталена Отоманска касаба и клептократската Стиропор-естетика.

Веројатно не постои населено место во кое нема `кукање` по `старите добри времиња` кога вирееле стари добри граѓани и стари добри граѓанки, еснаф раја, поштење и поштовање. Секако дека тоа е универзален феномен и не е ограничен на овие простори.
Разликата повторно е само во бројноста на рајата и интензитетот на кукањето.

Освен бројноста на рајата скоро и да нема разлика меѓу наведените места. Од Косел до Скопје, квалитативна разлика скоро и да не постои. Ако Новаци се мултиплицира 30 пати ќе се добие Битола. А ако Битола се мултиплицира 10 пати - ќе осамне Скопје.

No comments:

Post a Comment