Thursday, July 16, 2015

Томе од Пиварата

(By Roger Mortis, 206/086)
Искрената верба и искрениот идеализам ретко кога носат нешто добро за човекот кој верува во нив и се придржува строго до своите принципи.
Најдобар показател за тоа е еден случај од Скопје кој одамна подлегнал на забот на времето до таа мера што дури и Гугл останува глув и нем ако се пребарува за него.

Томе Стојановски, 34.годишен електричар родум од селото Горно Коњари бил poster-boy на Југословенскиот социјализам и работничкото самоуправување. Завршувајќи основно - отишол во Скопје да учи занает во фабриката `Кузман Јосифовски` откаде што отишол да служи во ЈНА за да се врати и да се вработи во МЗТ. Оттаму патот го навел во Скопска Пивара во почетокот на 1965. година.
Вреден, работлив и чесен до степен на наивност, Томе бил член на сите можни младински и `сениорски` комунистички организации, член на работничкиот совет на претпријатијата во кои работел а во Пиварата за брзо време станал претседател на синдикалната филијала. Можеби бил на сигурен пат да стане Македонскиот Алија Сиротановиќ, којзнае?

И се` би било феноменално а патот кон Марксовиот рај отворен доколку Томе поради својот карактер не дошол во судар со реалноста во која раководството на фабриката било склоно кон малверзации. Иако смешни од денешна гледна точка, неправилностите во работењето на директорите изразено во протекција на `подобни` вработени, вработување на роднини и нивно поставување на помалку напорни работни места како и промовирање на местото кое по сета логика му припаѓало на Томе - воделе кон неочекувана кулминација...
Томе како синдикалец често ги критикувал и повикувал на одговорност раководните лица на Пиварата кои што биле градски моќници во тоа време.
Веројатно Томе бил вистински поклоник на самоуправувањето но што му вредело тоа кога во Јануари 1966 бил отпуштен од работа. Томе верувал во системот и го покренал прашањето на неговото отпуштање пред општинскиот партиски комитет...потег кој не само што не му помогнал туку и довел до негово исфрлање од партијата!


Томе имал во план да оди на суд за да докаже дека е во право - кога до неговите уши стигнале гласините лансирани од неколку фабрички кодоши дека наводно спиел на работа, ѕиркал во женските вецеа, дека бил нервно растроен и уште многу слични муабети кои до срж го навредиле искрениот Томе.
Дното било допрено во последните денови од работниот однос, кога не наишол на подршка од своите колеги кои приватно го подржувале но јавно си молчеле за да не се замерат со управата.

И што да прави сега Томе?
Се што му останало било многу гнев и пиштол Збројевка во популарниот калибар 7,65мм.
И така Томе на 10.Февруари 1966 се вратил во пиварата за последен пат под изговор дека треба да се раздолжи околу алатот. Во алатницата очекувал да ги најде двајцата кодоши за кои разбрал дека го клеветеле, инженерот Владо Христовски кого го усмртил веднаш со еден истрел во главата и техничарот Божо Дапчевски кој бил убиен на идентичен начин.
Оттаму, Томе го продолжил походот кон управната зграда каде што го пронашол директорот Киро Ванински кој излегол да види што се случува - и добил три куршуми from point blank range.
Четвртата жртва бил секретарот Љубо Додевски во кој ги испукал преостанатите три куршуми во канцеларијата.

Томе излегол надвор, го оставил пиштолот на земја и изјавил нешто како `Јас своето го завршив, направив тоа што требаше да се направи. Викајте Милиција.`
Ја сочекал милицијата и без отпор заминал во притвор.


Ликвидација на четири особи била нешто незапаметено за тоа време, сиромашно со тешки злосторства и серијски убијци, феномени кои ќе се појават многу подоцна, со транзицијата.
Уште пошокантно било тоа што Томе не бил делинквент или на било кој начин поврзан со криминал и насилство - напротив, бил вреден и почитуван член на општеството.
На судењето кажувал дека сакал со оружје да се бори против бирократијата и чиновниците кои го загорчувале животот на секој чесен човек, тврдења кои воопшто не му помогнале.

Бил осуден на смрт со стрелање, покасно по многу жалби случајот стигнал и до врховниот суд на Југославија кој неочекувано му ја заменил смртната казна со доживотна робија. Со затворената врата од ќелијата во Идризово се затворила и приказната за Томе Стојановски, кој бил Vigilante slightly before Harry Roberts was cool.
Не е позната понатамошната судбина на Томе, ако тогаш имал 34, денес би имал 83. години така што не е незамисливо дека би бил сеуште жив.
Колку време поминал во затвор, дали бил помилуван, дали го доживеал распадот на системот и што се случило останува мистерија.

Некои би рекле дека ваквиот тип на делење правда е сомнителен и морално `двојбен` но од сегашна перспектива нема никаква причина за осуда на Томе...единствено човек може да жали што нема повеќе такви ликови во денешно време.

4 comments:

  1. Кај ти текна за овој случај? Има доста сличности со Томе од бензиската пумпа, сеедно, како дете се сеќавам на оправдувањата што постарите ги збореа. Интересно би било, стварно кај е тој човек, жив, починат,како живеел после, што праел. Поштењачина јбг.

    ReplyDelete
  2. Па некаде го имав во паметење настанот слушнато или читнато и си реков да напишам по нешто околу случајот кој за жал е скроз заборавен. Не знам кој е Томе од бензинската пумпа, за кого се работи точно?

    ReplyDelete
  3. Slučajot go pamtam kako včera da beše. Narodot na madjarmaalecot Tome Stojanovski mu dade moralna podrška ne za ubistvata tuku za pričinata koja go navela toa da go stori. No od togaš Skopskata pivara počna uspešno da raboti. Koga deneska bi se pojavil istiot Tome i za istata pričina bi trbal da ubie iljadnici makedonci. Za Tome odamna se proču deka e počinat.

    ReplyDelete
  4. Tome go pustija od zatvor 80 ili 81 godina. Toj bese covek so najprekrasna dusa. Neka pociva vo mir.

    ReplyDelete